Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт и Детскиот театарски центар (Битпазар) денеска организираат јавна дебата за воведување креативен предмет, задолжителен или изборен, во основните и средните училишта во нашата држава за изучување на методите, техниките, стиловите и школите на светскиот и домашен куклен театар.

Се работи за дискусија наменета за театарската заедница. Предвидени се обраќања на актерите Бајруш Мијаку и Драган Довлев, на кукларот Кирил Василев, на актерот, режисер и продуцент Бесфорт Идризи, на Јулијана Мирчевска, дипломиран актер и магистрант на отсек за работа и откривање на надарени и талентирани деца



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2019 08:18