Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје вечер ќе биде отворена четиринаесеттата завршна изложба на дела изработени од членовите на ликовното студио „Арс вивенди“, каде што ментор е академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски.

Делата се изработени во различни техники, масло на платно, акрилик на платно, акварел, туш, молив, сув пастел, а оваа година има и дигитална графика.

Делото „Дремката на облакот“ од Нена Бислимоски ќе биде отпечатено како корица на истоимената хаику збирка напишана од нејзината сестра Софија Бислимоски.

На отворањето на изложбата ќе бидат доделени и дипломи од студиото за членовите од генерацијата 2018/2019.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2019 08:24