Во рамки на програмата за култура, што ја реализира Општина Берово во соработка со Домот на културата ,,Димитар Беровски”, синоќа во Музејот во Берово се одржа концерт на класична музика на Македонски брас квинтет.
Настапија младите уметници Димче Белчовски на тромбон, Драган Младеновски и Александар Златески на труба, Антонио Костевски на хорна и Александар Ниниќ на туба.
– Ваквите концерти го подигнуваат културното ниво во општината и даваат силен придонес во негувањето на културните вредности, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски. Публиката имаше можност да ги слушне делата на Џ.Гершвин, Ј. Блејк, Ц.Робертс, С.Компанек, Б. Хауард и други композитори.
Од Домот на култура најавија слични настани и во наредниот период.