Третиот предизвикан спортист од серијалот „Спортисти садат дрвја во Аеродром“ под мотото „Еден за сите, сите за дрво“ е ракометарот на Вардар, Мартин Поповски, а дрвото го донираше фирмата „Ми-Да Гранд Моторс“. Идејата е да се поттикнат и други компании на општествена одговорност, кои ќе имаат задача да донираат дрвја.

Инаку, прв предизвикан спортист што засади дрво во близина на детската градинка „Лале“ беше ракометарот Столе Стоилов.

Предизвикот и садењето се претставени во шоу-емисијата што се објавува на порталот „Конкуренција.мк“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2019 16:16