Со претставата „Царевиот лек“, вечер во Центарот за култура почнува Фетивалот на куклени театри „Дебарска кукла“.
Фестивалот го организира дебарското здружение за уметност, култура и заштита на културното наследство „Арт-Култ 57“, со поддршка на Министертвото за култура.
Во рамки на трите фестивалски вечери ќе се претстават пет куклени театри – од Македонија, Албанија и Турција.
„Царевиот лек“ е по текст на францускиот баснописец и поет Жан де Лафонтен. Режијата е на Дасара Џанголи, додека изведбата на куклениот театар од Подградец,
-Следните два дена пред дебарската публиката ќе се претстават Националната установа Тетар за деца и млади од Скопје со претставата „Дванаесетте месеци“ во режија на Петар Пашов, куклените театри од Тирана и Лежа, како и од Истанбул, информира претседателот на „Арт-Култ 57“, Арбен Јајага.
Дебар годинава по осумнаесетти пат ќе биде домаќин на фестивалот „Албански театар во Македонија“ што ќе се одржи во октомври.