Вкупно 23 филмови ќе бидат прикажани во рамки на 8. филмски фестивал „Watch out“ што ќе се одржува од утре до сабота, 8 јуни, во Тетово.
Проекциите ќе бидат на отворено, од 20 часот, во дворот на Музејот на Комунистичката партија во Тетово, а во случај на непогодни временски прилики во просториите на Центарот за балканска соработка „Лоја“.
Фестивалот ќе понуди и дебати, работилници за филм, како и повеќе неформнални активности за гостите
-Жирито составено од актерот Мето Јовановски, актерката и професор Агнес Нокшиќи, како и филмскиот камерман Фабијан Лангер ги определија најдобрите филмови. Во категорија на краток филм „Пожарот на дедото“ во режија на Алфонсо Гонзалес Де Кастејон од Шпанија. „Златна треска“ е награден во категоријата на документарци, кој е во режија на Раул де ла Фуенте од Шпанија. За анимациски филм наградата ја доби филмот „Еузебио 80“ на Хесус Мартинез и Иван Молина исто така од Шпанија. Вонконкурентска награда добива филмот „Ограда“ од Лендита Зекирај од Косово, истакна Бујар Љума од Центарот за балканска соработка „Лоја“.
Одбраните 23 филма се одвоени од 402 апликанти од 79 земји.
На отворањето на фествалот најавено е присуство на заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф, и на Тања Кругер од Гете Интитутот.