Драмски театар Скопје ги почна подготовките за премиера на претставата „Плоштад на хероите“ од австрискиот автор Томас Бернхард, во режија на Мирјана Медојевиќ од Љубљана. Пиесата, напишана и изведена во 1988 година во Виена, е трагична рефлексија на опсесивната политика на национализам, одрекување на минатото и растечкиот антисемитизам.

Мирјана Медојевиќ живее и работи во Љубљана. Дипломирала режија на Факултетот за драмски уметности во Цетиње, а магистрирала во класата на проф. Томи Јанежич на Академијата за театар, радио и телевизија (АГРФТ) во Љубљана. По дипломирањето соработува со режисерите Јанежич и Јернеј Лоренциј, како асистент на режија и драматург.

Претставата „Злосторство и казна“ од Достоевски во нејзина режија е прогласена за најдобра во театарската сезона 2016/2017 на Меѓународниот театарски фестивал „Borštnikovo srečanje“, по избор на Друштвото на критичарите и театролозите на Словенија. Медојевиќ е добитник е и на наградата за најдобар драмски текст за пиесата „Син“ на фестивалот „Денови на Јурислав Корениќ“ во Сараево.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2019 18:28