Државното училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ со неколку настани вечер ќе одбележи 75 години постоење.

Од 21 часот ќе биде организирана изложба на ученички творби, изложба на дела од професори во училиштето, како и модна ревија на ученички креации од одделот Дизајн на текстил, под раководство на проф. Лира Грабул и надворешниот соработник Раде Василев.

Вечерта со која ќе се одбележи годишнината од постоењето на „Лазар Личеноски“ ќе продолжи со музички хепенинг и настап на рок-групата „Де офф“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2019 16:57