Растот на БДП во првиот квартал од годинава што денеска го објави Државниот завод за статистика, според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се темели на реалните состојби во економската сфера.

– Очекувам раст на БДП, очекувам и натамошен пад на невработеноста. Тоа го засновам врз основа на реалните бројки што ги гледам во економијата, а тоа е зголемување на извозот, раст на инвестициите, намалување на невработеноста… – компоненти што во една логичка целина, како што е економијата се поврзани едно со друго и укажуваат дека ние создаваме економски раст така како што го најавивме за годинава, но врз остнова на реална економија, а не врз основа на виртуелни пи – ар проекции, изјави Анѓушев одговорајќи на новинарски прашања пред Државниот завод за статистика да ги објави податоците за раст на БДП од 4,1 отсто.

Само таквата економија, вели, е одржлива на долг рок.

-Јас како човек што доаѓа од реалната економија ќе се залагам за економија на добри основи и одржлива на долг рок затоа што сите ние сме менливи и минливи на нашите функции, а само економија на здрави основи е нешто што и треба на нашата држава, рече вицепремиерот Анѓушев.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2019 17:29