Во салонот на Пионерскиот дом во Гевгелија е отворена самостојната ликовна изложба на скопскиот уметник Љупчо Бојаров кој за своите дела е добитник на 11 домашни и меѓународни награди на самостојните изложби во Србија, Шведска, Црна Гора и Северна Македонија, како и на 126 групни изложби низ светот.

-Бојаров своето субјективно искуство го отелотворува во објективен свет и не води на патувања во времето, идно или минато.Тој не слика увертира туку ја претставува кулминацијата на едно духовно доживување преку сублимирање на повеќе материјали за визуелизација на своето дело со негување на симболот како модус на изразување, рече на отворањето Мирјана Крстева Массети, ликовна уметница од Гевгелија.

Љупчо Бојаров е роден 1959 година во Скопје каде завршил училиште за применета уметност во 1978 и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 1984 година од кога е и член на ДЛУМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2019 17:30