Австралиската тенисерка Ешли Барти и Маркета Вондрушова од Чешка ќе играат во финалето на Грен слемот „Ролан Гаорс“. Ова е епилогот по двете денешни полуфиналиња.

Барти беше поуспешна од 17-годишната Американка Аманда Анисимова со 2-1, по сетови 6:7, 6:3 и 6:3 во меч кој траеше 1 час и 55 минути.

Во другото полуфинале, Вондрушова беше поуспешна од Британката, Јоана Конта во два сета со 7:5 и 7:6.

Финалето е закажанио за утре со почеток во 15 часот.

Вкупниот фонд за награди на Отвореното првенство на Франција изнесува 42,6 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2019 17:37