Во првото полуфинале на овогодинешното издание на „Ролан Гарос“, вториотносител на турнирот, Рафа Надал го надигра убедливо третиот носител Роџер Федерер со 6:3, 6:4, 6:2 по 2 часа и 25 минути игра.
Ова беше натпревар бр.39 меѓу двајцата, а Шпанецот веќе е со 24 победи против Федерер, а Швајцарецот останува со 15 против „Кралот на земја“.
Надал денеска во својата стаистика остави 33 винери и 19 неизнудени грешки, додека Федерер регистрира 25 винери и допушти 34 непредизвикани грешки.
Интересно за одбележување е дека и покрај сериозната предност на Рафа во директните дуели со Роџер, 37-годишниот Швајцарец беше во серија од 5 последователни победи против Надал, кој гони рекордна 12-та титула во Париз. Претходниот нивен судир на турнир од „големата четворка“ беше во почетокот на 2017 година, кога Федерер триумфираше над Надал во финалето на АвстралијаОпен
Надал во финалето го очекува подобриот дуелот меѓу светскиот бр.1 Новак Ѓоковиќ (Србија) и Австриецот Доминик Тим.