Дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим од полуфиналето на Отвореното првенство во тенис на Франција ќе биде доигран утре, 8 јуни.

Одлуката беше донесена од страна на судиите малку по прекинувањето на средбата поради дожд.

Победникот од дуелот помеѓу Тим и Ѓоковиќ ќе се соочи против Рафаел Надал во финалето на „Ролан Гарос“ во недела. Претходно денеска, 11-кратниот шампион Надал го совлада Роџер Федерер со 6:3, 6:4, 6:2.

Средбата меѓу лидерот во светската АТП листа, Новак Ѓоковиќ и поставениот под бр.4, Доминик Тим беше прекината при резултат 6:2, 3:6, 3:1 за Австриецот, кој ќе сервира при враќањето на двајцата на теренот утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2019 19:56