Во просторот на Кино Култура вечер ќе се одржи перформансот „It could be something very minimal“ во кореографија и изведба на Макс Шмирциц, Викторија Илиоска и Патрик Ферот.

Перформансот е дел од програмата „Уметност политика институција тело“ што ја спроведува Локомотива- Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата.

Илиоска, Шмирциц и Ферот работат заедно од 2017 година. До сега имаат изведено три перформанси од нивното истражување “It could be something very minimal”. Четвртото и петтото поставување ќе биде во Скопје и Франкфурт.

Перформансот е во соработка со Skopje Pride Weekend 2019 | Glittering Wounds. Поддржан е од Goethe-Institut Skopje, Град Скопје, Општина Центар и Министерство за култура. Куратор на програмата е Биљана Тануровска Ќулавковски, Елена Ристеска е асистент куратор, а Виолета Качакова е проект менаџер.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2019 11:33