Во рамки на 17-тата Регионална конференција на македонскиот ПЕН Центар – Преспа, денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Меѓународно литературно читање.

Во Прличевата одаја на библиотеката свои стихови од 18 часот ќе читаат Ифигенија Симоновиќ (Словенија), Вида Огњановиќ (Србија), Катица Ќулавкова (Македонија), Иван Џепароски (Македонија), Мирча Дута (Романија), Тоне Першак (Словенија), Санде Стојчевски (Македонија), Димитар Башевски (Македонија), Фахредин Шеху (Косово), Славе Ѓорго Димовски (Македонија), Тоде Илиевски ( Македонија), Лена Рут Стефановиќ (Црна Гора), Весна Ацевска (Македонија), Анжела Димчева (Бугарија), Калина Малеска (Македонија), Александар Прокопиев (Македонија), Владимир Мартиновски (Македонија) и Зоран Анчевски (Македонија).

Тема на годинашната конференција на поетите, новелистите и есеистите од регионот е „Етичкото, политичкото и естетското во книжевноста“.

Настанот е од отворен карактер за сите заинтересирани читатели од Охрид и пошироко.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2019 11:40