Доминик Тим се квалификуваше втора година по ред во финалето на „Ролан Гарос“ и доби право за „поправен“ против Рафаел Надал по поразот од Шпанецот во 2018 година. Австриецот дојде до решавачкиот натпревар откако победи со 6:2, 3:6, 7:5, 5:7, 7:5 над Новак Ѓоковиќ.

Дуелот помеѓу Тим и Ноле започна вчера и се доигра денес. Мечот беше прекинат четири пати поради дожд. Во третиот случај вчера, при 6:2, 3:6, 3:1 за Австриецот, беше одлучено дека натпреварот ќе продолжи денеска и пред финалето во женска конкуренција. При 4:1 и 40:40 во петтиот сет играта повторно беше прекината поради лошите временски услови.

По продолжувањето на мечот, Ѓоковиќ покажа порешителна игра успеа да се изедначи на 5: 5, па дури и успеа да спаси две меч топки. Доминик Тим ја искористи својата трета шанса и тоа при сервис-гејм за Србинот.

На крајот утре Тим ќе се соочи со шпанскиот тенисер. Минатата година, Надал триумфираше со 6:4, 6:3, 6:2 против австрискиот тенисер на „Ролан Гарос“. Утрешната претстојна битка се очекува со огромен интерес од навивачите на тенисот, бидејќи ќе излезат двата врвни тенисери, наречени „Принцот од земја“ (Тим) и „Кралот на земја“ (Надал).



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2019 16:28