Најдобриот кошаркар на Торонто, Кавал Ленард по четвртиот натпревар од финалната серија во НБА плејофот против Голден стејт, рече дека секогаш го става успехот на тимот пред лични достигнувања.
Не играм индивидуална кошарка и не играм за навивачите. Имам само една цел – тоа е победа. Не сум заинтересиран за нови рекорди. Задоволен сум само кога моите напори имаат корист за тимот, вели Ленард во изјава за „ЕСПН“. Во годинашниот плејоф, 27-годишниот Американец за 39 минути поминати по натпревар има просек оц 31,1 поен, 9,1 скок и 3,9 асистенции.
По четири натпревари од финалната серија на НБА, Торонто води против Голден стејт со резултат од 3-1. Следниот дуел е закажан за 11 јуни.