Јапонска бизнис делегација предводена од државниот министер за економија, трговија, индустрија Јошихиро Секи од утре до 12 јуни ќе престојува во посета на земјава.

Како што соопшти Владата, премиерот Зоран Заев ќе организира прием и вечера за министерот Секи и за бизнис делегацијата, а ќе се реализира и билатерална средба со владиниот економски тим: вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерката без ресор задолжена за старнски инвестиции, Зорица Апостолска.

Јапонската бизнис делагција треба да ја посети и Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони и да направи обиколка на Бунарџик 1 и 2, а потоа е предвидено да има работна средба со вицепремиерот Анѓушев и со министерката Апостолска. На средбата ќе се презентираат инвестициските можности во нашата земја и политиките за првлекување странски директни инвестиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2019 03:56