Од ноќеска на полноќ за три денари се намалуваат ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два ипол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 49,50 ден/лит.
Цената на мазутот се намалува за 1,267 ден/кг така што неговата малопродажна цена ќе изнесува 33,851 ден/кг.
Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,18 проценти.