Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе бидат отворени изложбите „Сон за Јапонија“ на Ана Миланова и „Хоризонт“ на Игор Таневски. Повод е наградата „Борко Лазески“ која овие млади ликовни уметници ја добија во 2018 година.

Музејот на Град Скопје секоја година организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Минатата година неа ја добија двајца студенти – Игор Таневски и Ана Миланова.

Наградата и организирањето на изложбите е во договор со семејството на Борко Лазески, кое на Музејот на Град Скопје му ги подари картоните што уметникот ги употребил во 1958 година за реализација на големата „Фреска за НОБ“ во аулата на Старата железничка станица во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2019 16:51