Во организација на Францускиот институт во Скопје и фестивалот Млад отворен театар - МОТ денеска со почеток во 19 часот во Младинскиот културен центар - МКЦ ќе се одржи интерактивна претстава, наменета за широка публика „SCREENAGERS vol.2“.
Како што соопштуваат од Францускиот институт, « Screenagers vol.2 », дело на француско-хрватската кореографка Барбара Матијевиќ и на Џузепе Чико, претставува перформанс во иновативен формат во кој шармантната презентерка и актерка Барбара нè носи на лирско патување низ имагинарниот онлајн свет.
-Спој на мјузикл, предавање, концерт и видео-џокеј, којшто се фокусира на начинот на кој долгото седење пред екраните влијае врз колективната свест. Во претставата, за сите возрасти (со акцент на тинејџерската публика), се прикажани начините на кои интернетот остава трага на човековиот животот: феноменот на интернет заедниците, е-учењето, музичката разновидност, видео игрите, општата култура итн., стои во соопштението.
Претставата е во рамките на фестивалот „МОТ“ и билетите за истата се достапни на веб-страницата : www.mot.mk
Овој настап се вбројува во редот на настани по повод прославата за 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје