Светскиот шампион во тешка категорија во верзиите ВБO, ВБA и ИБФ – Енди Руиз, раскажа колку тешко му било во кариерата поради недостаток на финансиски средства.
Мексиканецот призна дека размислувал да ја прекине бокс кариерата и раскажа како успехот над Ентони Џошуа во почетокот на месецот го променил неговиот живот.
– Многу сум среќен. Пред една година сакав да завршам со боксот, бидејќи немав доволно пари. Но не сакав да живеам и на улица. Како помлад направив лоши работи, мојот татко мораше да ме бара низ улиците и да ме води на вежбање. Ако не беше боксот, ќе бев во неволја, или ќе останев на улица. Благодарение на татко ми и боксот, постигнав сè, изјави Руиз, цитиран од „Боксинг Сцин“.
Потоа тој раскажа за неговите идни планови.
– Ако зборуваме за идните планови, тогаш прво треба да одам на реванш против Ентони, а потоа веќе да мислам за натпреварот со Дионтеј Вајлдер, додаде боксерот.