Изложбата „Магла“ вечер ќе биде отворена во мултимедијалниот центар „Мала станица“.
Учесници на изложбата се четворица косовски и еден австриски уметник – Луан Бајрактари, Газменд Ејупи, Дритон Селмани, Алберт Алгајер и Фатмир Мустафа – Карло. Изложбата е под кураторство на Ави Лубин, познат израелски куратор и годинашен куратор на израелскиот павилјон на Венецијанското биенале.
Организатор на проектот е Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија. Изложбата е организирана во соработка со Националната галерија на Република Косово.
Изложбата ќе биде поставена до 2 јули.