Екипата на Сент Луис го совлада Бостон со 4:1 во седмиот натпревар од финалната серија на Стенли купот и со вкупни 4-3 во победи стигна до вредниот трофеј.
Победникот во решавачкиот дуел беше навестен уште во првата третина која заврши со 2:0, во вториот период немаше голови, а по 15 минути во последната третина гостите водеа со 4:0. Почесниот гол за домаќините беше постигнат на две минути пред крајот.
За хокеарите на Сент Луис ова е прва историска титула во НХЛ лигата. Клубот е основан во 1967 година и му требаше цели 52 години за да се искачи на тронот. Ова е најдолг период во историјата на лигата.
Лос Анџелес чекаше 44 сезони за во 2012 година да го подигне трофејот, додека Вашингтон по 43 години чекање во 2018 година успеа да стане шампион во НХЛ