Околу 60 дела изработени од 25 неакадемски уметници од Куманово, вечерва ќе бидат изложени на традиционалната ликовна изложба „Самоуки“ што ја организира Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Организаторите од оваа установа оценија дека годинава одѕивот бил извонреден.
– Можеме да видиме дела во техниката масло на платно, комбинирана техника, цртежи, имаме и учесници кои учествуваат со скулптури, од помали формати, но интересно е за самоуки уметници да се појавуваат во улога на скулптура. Изложбата ќе биде отворена вечерва во 20 часот и јас се надевам дека гледачите ќе уживаат во она што го имаме изложено во нашиот салон, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од Центарот за култура.
Оваа изложба со години се организира во кумановскиот Центар за култура, и повторно е возобновена по петгодишна пауза од периодот од 2012 до 2017 година.