До први јули 2019 година, до 16:00 часот, може да се доставуваат изјави за интерес за учество во консолидација на земјоделското земјиште.

На јавниот повик право на учество имаат групи сопственици на земјоделско земјиште чии парцели се на иста територија (во едно или повеќе села или во дел од село/микро-локација, кои претставуваат делови од една или неколку соседни катастарски општини).

Упатството и обрасците за изразување интерес може да се подигнат од проектната канцеларија во Министерството за земјоделство, во подрачните единици на МЗШВ, како и во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ).

Упатството и обрасците се достапни и на веб страниците:

www.fao.org/fileadmin/user_upload/faoweb/FAO-and-MAFWE/Call-for-expression-of-interest-LC-MK.pdf www.fao.org/fileadmin/user_upload/faoweb/FAO-and-MAFWE/Expression-of-interest-LC-Form-MK.pdf

http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=537 https://eeas.europa.eu/delegations/republic-north-macedonia/area/jobs-funds_en

Изјавите за интерес може да се достават директно во подрачните единици на МЗШВ, по пошта или скенирани преку е-пошта, со назнака „За Повикот бр. 1/GCP/MCD/002/EC/2019“.

Изборот на потенцијални области за консолидација на земјиштето се спроведува во рамки на проектот „Воведување национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), финансиран од ЕУ, спроведуван од ФАО во соработка со МЗШВ. Главната цел е да им се помогне на малите земјоделски стопанства и семејните фарми да ги надминат проблемите што произлегуваат од прекумерната расцепканост на земјиштето, малата површина на земјоделските стопанства и несоодветната земјоделска инфраструктура. Тоа ќе придонесе да се зголеми продуктивноста, ефикасноста и конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2019 12:39