АД ЕСМ на 6 јуни годинава преку јавна аукција продаде 4.800 мегават часови вишоци електрична енергија за вкупна сума од 198.792 евра. Продадената електричната енергија е за периодот од 11 до 14 јуни, а просечната цена која беше постигната на аукцијата изнесува 41,42 евра за мегават час, информираат од компанијата.
Оттаму посочуваат дека на Унгарската берза на електрична енергија (HUPX ), цената за тој период изнесува 38,66 евра за мегават час.
За месец јули, пак, продадени се и 11.160 мегават часови вишоци електрична енергија за вкупна сума од 561.794 евра, а просечната цена која беше постигната на аукцијата за периодот од 1 до 31 јули изнесува 50,34 евра за мегават час.
На 10 јуни АД ЕСМ продаде 52.992 мегават часови за третиот кавртал (јули, август и септември) во вкупна вредност од 2.842.314 евра. Постигнатата просечната цена инесува 53,63 евра за мегават час, а на HUPX, цената за третиот квартал изнесува 53,52 евра за мегават час електрична енергија.
АД ЕСМ на 12 јуни спроведе аукција за периодот од 17 до 28 јуни 2019 година на која се продадени 12.000 мегават часови, во вкупна вредност од 583.920 евра. Просечната цена која беше постигната е 48,66 евра за мегават час.
Со тоа, порачуваат од АД ЕСМ, вкупната вредност на продажбите извршени во првата половина на јуни изнесува 4.186.820 евра. Од почетокот на годинава, пак, преку 17 јавни аукции продадени се вкупно 174.552 мегават часови вишоци eлектрична енергија, во вкупна вредност од 8.495.618 евра.