Книгата „Вратничка енцикопедија“ од Душан Синадиноски и Стево Томоски вечер ќе биде промовирана во ООУ „Симче Настовски“ во Вратница.
„Вратничка енциклопедија“ е заеднички труд на авторите Душан Синадиноски и Стево Томоски кои преку книгата сакаат да остават белег за се што се случувало во Вратница низ вековите, за нејзината богата и долга историја, постоењето и опстојувањето, обичаити, луѓето, традициjата и за потенцијалот што го има.
Книгата има 280 страници, а податоците се собирани повеќе од четири години во Вратница и во Америка каде има многу вратничани. Книгата содржи историски факти, фотографии податоци за говорот, топонимите, локалните јадења, луѓето кои придонеле за афирмација на Вратница, информации за минатото и сегашноста.
Делото е напишано на вратничко-долнополошки говор, што само по себе претставува негување и промоција на дијалектите на македонскиот јазик, а со тоа и негување на јазикот во целост. Книгата ќе ја претстави д-р Бранислав Светозаревиќ, историчар и автор на многу книги, а осврт за важноста на вратничко-полошкиот говор ќе даде проф. д-р Веселинка Лаброска, научен советник и редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.
– Книгата е спомен за нашите корени, за нашите предци и за нашите идни поколенија, ќе забележат авторите во предговорот на книгата.
Промоцијата ќе биде збогатена со културно-уметничка програма и со изложба на уметничкото, верското и културното наследство на Вратница