Фолклорниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија ќе има целовечерен концерт пред гевгеличани по повод 15 години континуирана работа.

Концертот кој вечерва ќе се одржи под мотото „Нашето оро – еден чекор кон минатото, три кон иднината“ ќе претставува собир на сите генерации кои до сега биле дел од ансамблот и сите тие ќе учествуваат на јубилејната манифестација.

Ансамблот „Бојмија“ работи од 2004 година и во него членуваат 140 деца на различна возраст кои работат поделени во четири групи.

Културниот проект за јубилејното постоење на гевгелискиот ансамбл „Бојмија“ ќе се реализира со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и од општина Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2019 14:21