Британскиот боксер Тајсон Фјури синоќешната победа со технички нокаут во втората рунда против Германецот Том Шварц, ја прослави со песна на „Аеросмит“, што лично ја испеа по мечот на рингот во Лас Вегас.

Фјури, познат како „Кралот на циганите“, буквално го претепа Германецот, кој очигледно не му беше достоен противник, па по вториот нокдаун судијата беше принуден да го прекине мечот.

Но, тука не заврши претставата на британскиот шоумен, кој на рингот се појави накитен со американски знамиња. По завршувањето на борбата, Фјури го зема микрофонот и го запеа хитот на „Аеросмит“, „Ништо не би сакал да пропуштам“ (‘I don’t want to miss a thing’), а заедно со него пееше и целата сала.

Непобедливиот боксер исто така пред да запее на присутните им најави нова борба оваа есен, како и нов меч со Деонтај Вилдер следната година, на кого му порача дека „доаѓа по зелениот појас“.

Фјури синоќа ја постигна 28 победа во кариерата, во која има само едно реми, а Германецот Шварц го искуси првиот порази по 24 победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2019 14:30