Дресот кој го носел легендарниот бејзбол играч Бејб Рут е продаден на аукција за 5,64 милиони долари, со што стана најскап продаден спортски сувенир досега.

Аукцијата е одржана вчера во Њујорк, а претходниот рекорд кога станува збор за продажна цена го држеше исто така еден од дресовите на Рут, кој е продаден во 2012 година за 4,4 милиони долари.

Рут дресот го носел во периодот меѓу 1928 и 1930 година. Семејството и приватни колекционери дале околу 400 предмети сопственост на Рут за аукција на стадионот Јенки.

– Предметите и значењето на Бејб Рут за бејзболот и американската популарна култура се непроценливи во историјата на оваа земја, изјави претседателот на аукциската куќа Ханг, Дејвид Хант.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2019 13:14