Ве известуваме дека утре 18.06.2019 од 10.00ч до 10.30ч Компаниите на Индустриска Зона Визбегово организираат ПРОТЕСТ во знак на револт поради предолгиот период на реконструкција на мостот на Јадранска Магистрала.

Имено ваквиот зафат ја блокира целата зона, го отежнува целото движење и го уназадува комплетно работењето.

Реконструкцијата на мостот се врши на потегот од Словенечка во правец Скопје до раскрсницата Момин Поток, каде што и ќе се одржи протестот.

Проследување на настанот ќе значи и ваша поддршка во решавање на овој проблем како и зголемување на свеста на уште многу проблеми кои се актуелни во зоната. Паркингот на компанијата Мотоцентар може да се искористи.

Со почит,

Здружение на компании од Индустриска Зона Визбегово



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2019 15:57