Во Општина Бутел, денеска е отворена изложба на дела на ликовниот уметник од Ниш, Србија, Владан Ранѓеловиќ.
Во холот на Општината изложени се 20 слики од циклусот „Црвена игра“ на Ранѓеловиќ, кој е повеќегодишен учесник на ликовната колонија во Љубанци.
Владан Ранѓеловиќ е роден во Ниш, Р. Србија на 22.04.1975 г. Завршил сликарство, а магистрирал вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Приштина. Покрај тоа што е познат и афирмиран ликовен уметник во Р Србија, тој е и професор на Факултетот за ликовни уметности во Ниш.
Досега има одржано над 35 самостојни изложби во Србија и низ Европа, а има учествувано и во над 150 групни изложби.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, а ќе може да се погледне до 26 јуни.