Студентите-апсолвенти од Факултетот за уметности при Универзитот во Тетово со заедничка изложба го одбележаа завршувањето на студирањето и учебната 2018/2019 година.
Делата кои се претставени и изложени на Факултетот се на студенти од сите студиски програми: сликарство, скулптура, графика и графички дизајн.
– Оваа изложба, освен што стана традиционална, во најубавата форма ja претставува работата на секој студент што се реализира во текот на учебната година. Исто така делата што ги презентираат на оваа изложба ги покажуваат напорите и ангажирањето на нивните професори во текот на целата година. На овој начин младите уметници од Универзитетот ќе излезат и ќе бидат подготвени за работа во сликање, графички дизајн, скулптура и графика, рече деканот на Факултетот за уметности, проф. Нафи Јашари.
Факултетот за уметности им додели благодарници на тројцата најистакнати студенти за нивните дела во сликарство, графика и графички дизајн.