Во мултимедијалниот клуб „Кафе и филм Котур“ денеска од 19.00 до 21.00 часот ќе биде одржана изложба на био-фотографии на тема „Урбани безрбетници“, организирана од страна на Истражувачкото друштво на студенти-биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии.
На настанот ќе бидат изложени 130 фотографии кои беа поднесени на биофото конкурсот и кои ја прикажуваат биолошката разновидност во урбаните средини.
На изложбата ќе бидат прогласени и најдобрите три фотографии кои беа избрани од комисијата составена од професори по биологија и фотографи, како и преку гласање на Фејсбук.
Изложбата се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.