Во издание на МАНУ излезе од печат монографската студија „Сенката на Марко Крале“ од академик Витомир Митевски, во која авторот прави компаративно истражување на античката, византиската и македонската епска поезија.
-Според оценката на добрите познавачи на македонската епска поезија, оваа книга фрла ново светло на генезата на нашите национални духовни вредности, соопшти Академијата.
Витомир Митевски е автор на богат научен опус од областа на филозофијата, античката и византиска книжевност. Негови најзначајни дела се монографијата за Хераклит, Поимот на душата во античката и средновековната култура, Македонската апстрактна терминологија, Хомер и Прличев…