Во рамки на летните активности на МАНУ, во Куќата на Уранија во Охрид како дел од Манифестацијата „Научна и уметничка визита 2019“ во периодот од 27 до 29 овој месец ќе се одржуваат научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на МАНУ.

Научната и уметничка визита 2019 на МАНУ започнува со Лингвистичката работилница на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ.

На работилницата ќе се разгледуваат методите на обработка на дијалектни атласи, теоретските и методолошките поставки на дијалектолошките истражувања, современата состојба на македонските дијалекти, а ќе се дискутира и околу концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2019 13:52