Ретроспективната изложба „Грабење во просторот“ (1981-2019) на Глигор Стефанов синоќа беше отворена во Музејот на современа уметност, како прв настан во рамки на 40. издание на манифестацијата „Скопско лето 2019“.

Претставени се преку 11 инсталаци и 50 фотографии од инсталации кои не можат да се реплицираат.

Изложбата е во продукција на Музејот на современа уметност (МСУ). Кураторскиот тим од оваа културна институција две години ја организирал изложбата и го истражувал целокупното творештво на Стефанов. На изложбата се претставени сите негови циклуси, визии, линеарни интервенции, летала, ангели, гнезда, изработени во периодот од 1981 до 2019 година.

Глигор Стефанов е роден во 1956 година во Кавадарци. Дипломирал и магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, отсек вајарство. Од 1988 година живеел и работел во Лондон, а од 1995 година се преселил во Виндзор. Зад себе има неколку самостојни, групни и ретроспективни изложби. Добитни е на многу награди, меѓу кои се „Млад борец“ за скултптура, награда „7 Септември“, Кавадарци…



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2019 16:02