Француската алијанса во Тетово и Центарот за соработка на Балканот „Лоја“ денеска го одржуваат традиционалниот уличен фестивал во градот, поради што ќе биде пренасочуван сообраќај на дел од улицата Јане Сандански позади Центарот за култура.

„Féte de la musique“ е традицинален музички и културен настан, што се одбележува низ цела Франција, како и многу градови низ светот во чест на француската музика, изјави Марие Маудион, координаторка на Француската алијанса во Тетово.

Во рамки на уличната програма од 16 часот предвидени се креативна детска работилница и изработка на музички инструменти од рециклирани материјали.

Во 18 часот започнува концертот со локалните музичари Милан Коса, Шербет, Алб, Диџеј Рамадан Асани, Диџеј Саки и Цакијано. Свои настапи ќе имаат ученици на Француската алијанса од Тетово и ОУ „Лирија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2019 17:45