Културно уметничкото друштво „Илинден” од Струга синоќа го одржа традиционалниот 36 годишен концерт. Во преполната сала на центарот за култура „Браќа Миладиновци” во околу час и половина струшките играорци пред публиката се претставија со кореографии од речиси сите региони од земјава.
Според кореографот во друштвото Љупчо Милошески на сцената настапиле сите 230 членови, поделени во групи.
– Концертот помина во одлична атмосфера. Ова беше 36-ти самостоен концерт на друштвото од неговото постоење до денес. Салата во Центарот за култура беше претесна да ги собере љубителите на фолклорот, кои дојдоа да ги погледнат настапите. Многу аплаузи, овации, се беше волшебно – изјави Милошески по завршување на концертот.
Репертоарот, како што појасни, го избирале согласно програмата за тековната година.
– Секоја година различен репертоар, со цел да ги задоволиме сите вкусови. Настапивме со кореографии од скоро сите региони во земјава. Пред домашната публика се претставивме со компилација од Кичевскиот регион, „Малешевка”, „Преспански игри” од долна Преспа, „Посеље” од Долни Полог – Тетовско, „Лазаренки” од Гевгелиско – истакна Милошоски.
Покрај годишниот концерт КУД „Илинден” се подготвува и за претстојната летна турнеја. Македонскиот фолклор ќе го претстават во Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Словенија