Хрватскиот тенисер Борна Чориќ нема да го брани минатогодишниот наслов на АТП турнирот во Хале, откако поради болки во грбот го предаде четвртфиналниот меч.
Противник на Чориќ беше францускиот Пјер Херверт кој го освои првиот сет од мечот со резултат 7-5 во гемови.
Хрватскиот тенисер имаше проблеми со грбот во текот на целиот меч, дури при резултат од 5-4 во гемови, тој побара и помош од физиотерапевт, но беше очигледно дека ниту масажата не може да ја подобри неговата состојба, па беше принуден да го предаде мечот.