Не е новост дека припадничките на понежниот пол се слаби на музичарите, но многу девојки фантазираат и за бракот со нив, покажа британска студија.

Се покажа дека една третина од испитаничките истакнале дека за нив пејачите се пожелни мажи за брачните води, потоа гитаристите или тапанарите. Тие објасниле дека ги привлекува нивната посебност. Поинакви се и имаат стил.

Жените ги пофалиле и економистите и менаџерите, а 24 проценти од дамите ги изгласале за добар брачен „материјал”, бидејќи во корист им оди материјалната моќ. Професорите и лекарите се најдоа на завидното трето место, додека седум отсто од жените им дале предност на новинарите, а само еден процент на фудбалерите.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2019 13:15