Како да направите целосни промени во вашиот живот и да ви тргне на подобро, прво морате да го промените начинот на размислување. Етичкиот кодекс на северноамериканските Индијанци може да ве инспирираат на важна промен а во размислувањата, па со тоа и во животот.
Усвојте ги овие 20 индијански животна правила и работите на вашата подобра иднина.
1. Застанете под сонце и помолете се. Молете се сами и молете се често. Еднаш Големиот Дух ќе ги послуша вашите молитви.
2. Бидете толерантни кон оние кои го промениле патот. Незнаењето, лутината и љубомората доаѓа од изгубената душа. Молете се да се врати на вистинскиот пат.
3. Пронајдете се себе. Не дозволувајте другите да ви кажуваат што да правите. Тоа е само ваш пат. Останатите можат да одат со вас, но никој не може да ве води.
4. Бидете внимателни кон гостите во вашиот дом. Послужете ги со најдобра храна, понудете им го најдобриот кревет, кон нив секогаш бидете чесни и праведни.
5. Не го земјате она што не е ваше, било да е човекова заедница, природа или нечија култура. Не сте заслужиле ниту сте добиле, не е ваше.
6. Почитувајте ја земјата, како луѓето така и билките.
7. Почитувајте го мислењето на другите, нивните желби и зборови. Никогаш не ги прекинувајте ги другите додека зборуваат, не замерувајте, не им се потсмевајте. На секоја личност дозволете и да има лично мислење.
8. Никогаш не зборувајте лошо за другите. Негативната енергија која ја праќате ви се враќа повеќекратно.
9. Сите луѓе грешат. Секоја грешка може да се прости.
10. Негативните мисли створаат болест на умот, телото и духот. Вежбајте оптимизам.
11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Природата е дел од нашето глобално семејство.
12. Децата се иднината. Во срцето всадете им љубов, водете ги со мудрост и учете ги да живеат. Кога растат, дајте им простор да пораснат.
13. Избегнувајте да го повредите другите. Отровот на таа болка ќе ви се врати.
14. Секогаш бидете искрени.
15. Одржувајте ја својата рамнотежа: менталното, духовното, емоционалното и телесното „јас“ мораат да бидат еднакво силни, чисти и здрави. Здравото тело го лечи умот. Растете во духовноста за да ги исцелите емоционалнитењ рани.
16. Свесно одлучете што ќе бидете и какви ќе бидете, како ќе делувате и како ќе стоите зад своите постапки. Бидете одговорни за своите постапки.
17. Почитувајте ја туѓата приватност и личен простор. Не мешајте се во туѓата сопственост, поготово не во светото и духовното. Тоа е забрането.
18. Бидете сигурни во себе. Не можете да бидете грижливи и да им помагате на другите, ако не се грижите за себе и ако прво не си помогнете на себе си.
planinarenje-1417095544-51730
19. Почитувајте ги туѓите верски увревања. Не прислувајте ги другите да веруваат во вашите.
20. Делете ја својата среќа.