Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го победи белгискиот ривал Давид Гофин во финалето на турнирот во Хале со 7:6 (7:2) и 6:1. За ветеранот ова беше јубилеен 10.трофеј на овој АТП турнир во Германија.

Мечот траеше 1 час и 25 минути.

За Федерер воедно ова беше 102. титула во кариерата.

Наградниот фонд во Хле изнесуваше 2.081.830 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2019 09:35