Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на нафтените деривати.

Минатата недела, цената на Еуросупер БС-95 беше зголемена за половина денар, а цените на останатите горива останаа непроменети.

Согласно новата методологија, Регулаторната комисија за енергетика секој понеделник ги објавува новите цени на горивата за разлика од порано кога секоја втора недела имаше промена на цената на горивата.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2019 09:55