Oпштина Чаир и боречкиот клуб „Лирија“ вечерва во Скопје организираа свечен пречек за европскиот кадетски шампион во борење, Бесир Алили.

Алили беше пречекан од голем број граѓани на плоштадот „Скендербег“, а пред насобраните граѓани се обратија и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и на град Скопје, Петре Шилегов.

Во текот на утрешниот ден Бесир Алили ќе оствари и средба со градоначалникот Шилегов.

Шампионот беше пречекан уште на граничниот премин Табановцe од многу навивачи, а потоа со панорамски автобус тргна кон плоштадот „Скендербег“.

Алили викендов стана европски кадетски шампион во слободен стил во категорија до 48 килограми по победата во финалето над Ховханисјан од Ерменија со 7-6 на Европското првенство во Фиренца, Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2019 09:50