Македонскиот борач, Бесар Алили, кој пред неколку дена стана европски шампион во слободен стил во категорија до 48 килограми, пред неколку илјади граѓани на плоштадот „Скендербег“ во Скопје изјави дека неговиот сон е да освои златен медал на Олимписки игри.

– Господ многу ми помогна да се вратам во игра и да победам во финалето. Имав доверба дека ќе победам и ова не е ништо, сега мојот сон е настап на Олимписки игри и таму да освојам медал“, изјави Алили.

Дочекот на плоштадот „Скендербег“ беше организиран од Општина Чаир и од неговиот боречки клуб „Лирија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2019 09:53