Од предвидените 422 милиони евра за изградба на патишта, пруги, гасификација и други крупни инфраструктурни проекти, од јануари до мај биле платени на изведувачите само 58 милиони евра, што во превод значи дека за пет месеци од почетокот на годинава Владата успеала да потроши само 13,74 проценти од парите наменети за капитални инвестиции.
Релизацијата на капиталните расходи за 2018 исто така беше многу лоша. Затоа и останаа средства во буџетот за 2018 година со кои делумно се раздолжија општините. Истото се случува и во 2019-та година. Со тоа што сега реализацијата е уште полоша.
Ако помалку се троши од планираното, а од друга страна министерот за финансии во заминување, изјави дека буџетот се полни над очекувањата, очигледна е потребата од ребаланс заради ликвиноста на буџетот. Можеби повторно се создаваат услуви за наменска прераспределба на дел од буџетот за второ големо раздолжување на општините или пак во опција е и делумно предвремено раздолжување на државата, со откуп на долгот, вели за Сител еконскиот експерт Павле Гацов.