Според веќе потврдени информации, шефот на Фолксваген Херберт Дис оваа недела ќе патува за Истанбул на решавачки разговори дали новата фабрика вредна милијарди евра ќе биде во Измир или пак некаде во Бугарија – Србија и Македонија веќе не се во игра, а Романија одамна е испадната од комбинација. Вистинитоста на веста дека Турција е атрактивна локација за новиот производствен капацитет на групата ја потврди и портпаролот на Фолксваген, кој додаде и дека се водат конкретни преговори и разговори на високо ниво, но и дека одлуката сè уште не паднала, притоа воопшто не споменувајќи било што за другите кандидати, пренесува порталот Автомагазин.мк

За потсетување премиерот Зоран Заев на почетокот на годината најави дека во Македонија ќе дојде голема германска компанија со инвестиција од над 100 милиони евра. Името не го откри, а веста беше објавена како „бомба на Заев“ дека германски гигант реши да инвестира, а потоа дури беше објавено дека тој гигнат е ни помалку ни повеќе туку „Фолксваген“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2019 02:21