Вечерашниот концерт на контратенорот Бојан Булатовиќ и пијанистката Драгана Димиќ од Србија во рамки на „Скопско лето“ од технички причини ќе се одржи во Музејот на македонската борба намество во Даут-пашин амам, соопшти организаторот.
На концертната програма се дела од композиторите Рахмањинов, Римски-Корсаков, Ѓорѓевиќ, Жебљан, Фере, Хан, Лобос…Почетокот на концертот е во истиот термин, 20.30 часот, а влезот за посетители е слободен.